На прв поглед сите помислиле дека станува збор за карпа. Меѓутоа, во Балтичко море никогаш немало вулкански активности, па не е можно природата сама да направила вакво нешто.
На дното од Блатичко море уште во 2011 година пронајден е мистериозен предмет за кој постои сомневање дека не е направен од луѓе. На многу луѓе најпрво им личел на НЛО и до ден денес не е откриено за што станува збор.
Го пронашле шведски ловци на богатство, на 100 метри длабочина и го нарекле “Балтички НЛО”.
Овој мистериозен објект, шведските пронаоѓачи многу ги потсетува на “Милениум Фалкон”, вселенскиот брод од филмот ” Војна на ѕвездите”, поради специфичниот облик.
Ф.Г.