Изгледа чудовиштето од Лох Нес ја променило локацијата, па сега се наоѓа во Темза.
За тоа сведочи новото видео објавено на Јутјуб, кое го прикажува мистериозниот објект кој плива близу до O2 арената.
Видеото е снимано од Пен Плејт, кој патувал близу до Гринич, додека ја снимал британската престолнина.
-Нешто големо се мрдаше под површината на водата и во еден момент се нурна. Дали има китови во Темза или станува збор за некоја чудна подморница, се прашувал човекот што го снимал овој момент.
Погледнете го видеото.