(ВИДЕО) МИСТЕРИОЗНИ БРОДОВИ ПРОНАЈДЕНИ ВО ПУСТИНАТА: Нема ниту капка вода, но ова е причината зошто се таму !

Со желба да дознаат повеќе историски факти за Казакстан, научниците започнале да се заниваат со овој регион, а најпрво започнале од снимките од времето на Студената војна.

На фотографиите кои ги сними сателитот Квикбрд, на висина од 450 километри над Земјата, снимени се четири огромни бродови сред пустина. Научниците не можат да објаснат како бродовите се насукале во песокот и се задржале таму.

“Тешко е да се заврти главата и да се игнорира она што го гледаме на фотографиите. Во огромна пустина во која нема вода, на средина се наоѓа флота од бродови”, вели канадскиот истражувач Џорџ Коронис.

Биологот Роланд Кајс објаснува дека не станува збор за мали бродови, туку за енормно големи.

Истражувачот Ник Мидлтон објаснува “дека се прилично големи пловила, направени да можат да пловат во длабоки води. Нејасно е како и зошто се со километри оддалечени од било каков извор на вода”.

Кога бродовите во пустината станаа мистерија за научниците, сателитските снимки на ова подрачје од времето на Студената војна ги дадоа сите одговори.

Имено, Аралското езеро одамна се простирало и до оваа област.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.