(Видео) Мистериозен звук од најморничавото место на Пацификот: Погледнете што снимија научниците

Точно на 1 април 2018 година кинеската вселенска станица Тиангонг-1 падна во Тихиот океан. Случајно или не, падна на местото каде завршуваат многу вселенски објекти, до точката каде вселенските агенции на сите држави го контролираат падот на вселенските летала или сателити кои го завршиле својот “животен век”.

Тоа е точката Немо, дел од океанот до кој не може да се дојде, подрачје кое се наоѓа во сентарот на Тихи океан, најоддалеченото место од копно и луѓе на Земјата. Точката Немо се наоѓа точно меѓу Австралија, Јужна Америка и Антарктикот. Од копното е оддалечена повеќе од 2700 километри.

Ни бродови, ни авиони не го преминуваат ова подрачје. Токму затоа што е оддалечено од цивилизација и сообраќај, ова место е одбрано како најповолно за гpoбница на вселенските летала и сателити.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.