Еден од најголемите кошмари е да бидете прогласени за мртви иако сте всушност живи и “заробени” во сопственото тело.
Смртта на најголемиот во историјата, “владетелот на светот” Александар Македонски, е сеуште мистерија и по 2.000 години. Дали е убиен, отруен? Дали имал маларија или тифус?
Новата теорија вика дека можеби ништо од ова не е вистина, туку станува збор за нешто многу полошо. Легендата вели дека неговото тело не покажувало природни знаци на распаѓање и по шест дена од неговата смрт.
За неговите пријатели ова било знак дека Александар е навистина бог и херој. Модерната наука вели дека пател од ретка автоимуна болест која го парализирала и го направила неспособен за комуникација, иако бил целосно свесен.
Mystery of Alexander the Great’s gruesome death may have finally been solved https://t.co/4AIbT0I2sG pic.twitter.com/ycGQgB6wDH
— Mirror Tech (@MirrorTech) February 4, 2019
Кетрин Хол од медицинскиот факултет при универзитетот Отаго во Нов Зеланд вели дека Александар можеби пател од Гилен-Бареов синдром, што предизвикува забрзано ослабување на мускулите и штета по имунолошкиот систем.
“Смртта на познатиот владетел е можеби најпознатиот случај на лажна смрт или лажна дијагноза”, вели таа.
Роден е во Македонското кралство 356 година пред нашата ера, а тронот го наследил кога имал само 20 години. Бил ученик на Аристотел. Го освоил моќното персиско царство, Египет и стигнал до Индија. До 25 години владеел со територии кои се простирале на 3 континенти.
“Имам видено 10 случаи од овој синдром каде има целосно парализа, но недопрена ментална способност. Неговиот вид бил заматен, па многу веројатно дека во одреден момент паднал во кома поради нискиот крвен притисок. Сепак, постои голема шанса тој да бил свесен и да слуша што се случува околу него. Како неговите соработници се караат како ќе го поделат кралството”.