Компанијата во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск, “Боринг”, го заврши ископувањето за вториот од двата тунели наменети за подземен транзитен систем.
Минатата година компанијата постигна договор за градење на тунел долг 1.6 километри. Трошоците изнесуваат 52.5 милиони долари. Ова претставува прв чекор за “Боринг” во комерцијален транзит.
Проектот е службено наречен “Convention Center Loop”, а ќе се пренесуваат патници под центарот Конвенш во Лас Вега и тоа со електричните автомобили Тесла. Системот е дизајниран така што во еден час може да се транспортираат повеќе од 4.000 луѓе. Проширувањата би требало да го поврзуваат познатиот Стрип, Меѓународниот аеродром и стадионот Лас Вегас.
Сега кога два тунели се завршени, компанијата ќе ја започне работата на надземните станици за патниците, на двете страни од тунелот.