Хозе Луис Рамос и неговите пријатели решиле да поминат релаксирачки викенд во природа во Каролина.
Но, не беше сè мирно како што се надеваа. Имено, додека тие биле во викендичката, а нивните автомобили надвор, некој решил да ја искористи можноста. Тоа беше мечка, која одлучи да ги погледне возилата одблизу.
Кога утврди дека нема ништо интересно во првиот автомобил, дојде до другиот – сјаен, сребрен мерцедес. Тогаш неговите пријатели ја забележале мечката како лесно ја отвоара вратата, исто како и човекот, но во тој момент слушна звук и запре.
„Почнав да врескам“, рече Рамос за „Додо“.
Кога го слушнала неговиот крик, мечката го прекинала својот план и полека почнала да се оддалечува. Не го оштетила автомобилот, а самата не е повpeдена, па оваа техника на врескање се покажа како многу успешна.