(Видео) Мало гермаско градче случајно стана туристичка атpaкциja – не можат да се ocлободат од тypисти

Фројденберг, мал град на западот на Германија, стана многу популарен на социјалните мрежи откако на Интернет се проширија фотографии од убавите куќи во тоа место.

Фројденберг се наоѓа во пошумените области на Северна Рајна-Вестфалија и е близу до поголемите градови Келн, Дортмунд и Бон, на оддалеченост од само еден час возење, додека од Франкфурт е оддалечен час и половина.

Лежи во ридско подрачје, помеѓу 240 и 505 метри надморска височина. Целата нејзина површина зафаќа 54 квадратни километри, од кои две третини се под шума.

Што го прави толку посебен? Познат е по својата специфична и автентична архитектура. Имено, сите негови куќи од 17 век, осумдесет од нив, изгледаат исти и се посебни по начинот на градење. Тие имаат карактеристична црно-бела фасада и вкрстени греди.

Најдобро време да го посетите градот е есен или зима. Тогаш се чини уште помагичен, особено кога снегот ги украсува покривите на куќите.

Зимските фотографии на Фројдберг, чие име во преводот значи планина на радост, го направија вистинска ѕвезда на Инстаграм. Случаен пост на Инстаграм го извлече овој град од мракот и сега му се пишува друга приказна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.