Детските срца се најчесни и најчисти, а ова што следува во продолжение е доказ за тоа.
Се работи за натпревар во мал фудбал помеѓу детските екипи на Спортинг и Бенфика.
Иако се работи за дерби натпревар, децата покажаа дека не е важен резултатот колку што е важно да се биде чесен и чесно да се победува.
Во еден момент сите помислија дека играчот со број 2 на Бенфика ја фати топката со раце, па дури и судијата кој веднаш досуди пенал.
Но, така не мислеше едно од децата во екипата на Спортинг, па му укажа на судијата дека неговиот противник не ја фатил топката со раце, туку дека истата го удрила во лицето.
Погледнете ја оваа лекција која треба да допре до возрасните:
QUE EXEMPLO! SER SPORTING! ??
O jovem Leão Dinis, dos benjamins do #FutsalSCP, a SER SPORTING no dérbi deste sábado! ?#ADNSporting pic.twitter.com/J12fgCjWIp
— Sporting Clube de Portugal (@Sporting_CP) February 15, 2020