(ВИДЕО) Македонците низ светот како ВИКИНЗИ: Со копачи го кршеа дебелиот мраз, а потоа скокнаа по крстот за Водици

Германски новинар известува како Македонците го празнуваат празникот Богојавление Водици во Германија.

Во замрзнат базен, нашинците прво го кршат мразот со копачи, а потоа следуваше чинот на осветување на водите со свештеник од Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

-Ледена бања во „Шпизел“: Еве како членовите на македонската православна парохија Свети Димитриј во Васералфинген го слават празникот Богојавление и крштевањето на Исус – стои во описот на видеото.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.