Приказната за „Македонско девојче“, осамна на словенечката телевизија ПОП ТВ.
Песната доби нов аранжаман, токму на 50-тиот роденден на дамата за која оригинално е направена. Оваа верзија го воодушеви светот, па големи медиуми истата ја пренесуваат.
Продукција и организација направи Зоран Росоманов. Композитор и тектописец на песната е Јонче Христовски.
Се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, аранжман Васко Атанасовски и музички продуцент, Будимка Имери.