(Видео) Македонскиот дијамант постигна прекрасен погодок против Џенова

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас постигна погодок (за него втор во Серија А) во убедливата победа од 6-0 што Наполи предмалку ја забележа против Џенова на капитенот Горан Пандев. Младиот фудбалер прецизно стрелеше во 69 минута, тогаш за 5-0.

Инаку и Елмас и Пандев мечот го почнаа на клупата за резерви. Елмас рано влезе во игра, во 23 минута кога се повреди Инсиње, а Пандев доби шанса за настап во 54 минута, при резултат 2-0 за домашната екипа.

Инаку резултатот го отвори Лозано, во 10 минута. На почетокот на вториот дел погоди Зиелински за 2-0, а третиот гол на тимот предводен од Џенаро Гатузо беше дело на Мертенс во 57 минута.

Стрелец за 4-0 беше повторно Лозано, а Елмас се погрижи за петардата во голот на Џенова.

Конечните 6-0 во 72 минута ги постави нововлезениот Политано.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.