(Видео) Магично сибирско село: Луѓето одат таму за да пронајдат магичен кристал, но потоа остануваат поради друга причина

Подрачјето во западен Сибир, како што многу веруваат, има голема спиритуална моќ, а епицентарот е малото село Окунево.

Луѓето таму веруваат во многу работи, на пример дека местото има исцелителни моќи и кристали кои луѓето ги штитат од секој вид на непогоди.

Секоја година селото го посетуваат 40.000 туристи. Некои доаѓаат само да се одморат, а други за да проверат дали има натприродни моќи во езерската вода и околината. “Слични места се појавија во нашата земја во 80-тите и 90-тите, особено по распаѓањето на СССР”, вели еден од мештаните.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.