(Видео) Луѓето велат дека е Божјо чудо: Од дрво во Подгорица почнала да тече вода

Во Диноша, на околу 5 километри од Подгорица, после обилните врнежи изминативе денови повторно протекла вода од необично дрво во селото.

Станува збор за дрво кое мештаните го нарекуваат дар од Бога и подарок од мајка природа. Имено, коренскиот состав на ова дрво се наоѓа на сезонскиот фрон на водоизворите.

Во неговиот корен има извор кој се пробил и стеблото всушност служи како „цевка“ за прелевање вода.

Водата тече само при големи количини врнежи, во пролетните и есенските месеци, а на лето доаѓа до намалување на водата или нејзино целосно исчезнување.

Поради староста на дрвото, шуплините во нејзините корени и самоо стебло доаѓа до овој феномен. Експертите објаснуваат дека овој природен феномен трае над 150 години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.