Авионите на претседателите Трамп и Путин се вистински летачки тврдини, но како на безбедноста не е штедено ни на ентериерот и луксузот. Тие на самитот во Хелсинки пристигнааа со авионите, а медиумите веднаш направија споредба кој е подобар.
Авионот на Путин:
Авионот АЛ-96300ПУ, чинел 500 милиони долари, а опремен е со најмодерна технологија која ја движи оваа летачка палата, како што ја нарекоа медиумите. Однадвр изгледа како обичен патнички авион, иако по димензии е нешто поголем, но од внатре е опремен како луксузен хотел.
Распонот на крилата му е 65 метри, колку што е и долг, а максималната тежина која може да ја понесе е 270 тони. Ентериерот е во светли бои со многу бела кожа и златни детали.
Рускиот преседател има флота од 4 идентични авиони.
Од безбедносни причини според патот се бира и авион, а преостанатите три или барем еден го следат авионот во кој е Путин, но мал е бројот на луѓе кои знаат во кој авион е тој.
Авионот на Трамп
Ни американскиот “Er Fors 1” (Air Force One),не е ништо помалку луксузен. Модификуваниот „Боинг 747-200с служи како преседателски авион од 1987 година.
Авионот има 372 метри и како и авионот на Трам поседува команден центар во случај на непредвидлива ситуација или напад.
Има две кујни, теретана и туш кабина, а опремеен е со 87 телефони и опрема за видео конференција, а има и дополнивање на реервоарот во воздух.
Се претпоставува дека чини милијарда долари.