Полицаецот Габриел Естрела добил многу „интересна“ задача. Тој морал да врати една избегана крава.
Но, кога конечно успеал да ја смести кравата од другата страна на оградата, таа наеднаш збудалела и јурнала кон него.
На полицаецот единствено му преостанaло да бега и целата ситуација во тој момент не му била ни малку смешна.
Целото ова случување е снимено со камера и објавената снимка стана вистински интернет хит.