(Видео) Локвенец бpyтално pacпали кон лагите на Пачешкоски и Koвачевски?

За жал, оваа влада на СДСМ предводена од Димитар Ковачевски, е продолжена рака на владата на Зоран Заев. Влада е која не знае да се справи со предизвиците. Тоа се потврди и од денешната посета на Ковачески во Прилеп, кој не отиде да види што се случува во „Еуркомпозит“, туку и на новинарско прашање што планира Владата со државната фирма Еурокомпозит и дали има веќе најдено стратешки инвеститор, не даде јасен одговор. Очигледно е дека или не знае или пак воопшто не е запознат што се случува со фирмата? – истакна на денешната прес конференција Ирена Стерјоска Локвенец, советник во Советот на општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Лагите кои СДСМ ги повторува за Еурокомпозит и понатаму продолжуваат, а сето тоа на штета на фабриката и вработените. За потсетување, постојано се извршуваат тешка кражби во фабриката, за која дознаваме од медиумите и дека е украдена скапа опрема и алати! Дали можеби намерно се кради и намалува имотот на фабриката и дали власта свесно остава да се извршуваат овие кражби?

Почитувани,

оваа влада и нејзините нови партиски испоставеници, не се разликуваат по ништо од претходните од времето на Зоран Заев. Постојано лажат и манипулираат со граѓаните, како што беше и вчерашниот случај со новиот претседател на Општинската организација СДСМ Прилеп, кој во видео проака кажа за некакво „историски највисоко зголемување“ на пензиите, при тоа фалејќи ги политиките на владата на СДСМ. За жал, заборави да ги праша пензионерите како преживуваат со ниска пензија, што им недостасува, зошто е скратена посмртнината и ред други прашања? Изгледа од СДСМ не ја научија лекцијата од локалните избори и поразот од преку 7500 гласа разлика во Прилеп, дека со лажен триумфализам не се бркаат политички поени.

За потсетување ВМРО-ДПМНЕ континуирано им ги зголемуваше пензиите на пензионерите, без да има потреба да се прави тоа поради зголемувањето на цените. Пензионерите добиваа зголемени пензии не како изнудени мерки туку како напор на тогашната влада за подигање на животниот стандард.

Токму владата предводена од СДСМ го укина ваквиот раст на пензиите според просечната плата и цели 3 ипол години им кратеше голема сума на пензионерите од нивните пензии.

Затоа се потребни предвремени парламентарни избори, за да се врати државата на правиот пат. Народот не заслужува ваков третман и ваква негрижа! Затоа се потребни промени! А промените ги носите Вие почитувани сограѓани”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.