Капитенот на Вардар, македонскиот репрезентативец, Столе Стоилов, доби улога во музичкиот спот за песната „Ќе биде“ на раперот Ненад Ставровски Нешо, каде се појавува и младата пејачка Валери.
Пораката на песната е да се научи по нешто од секој животен пораз и да се оди напред, а во приказната на спотот, во финишот, одлично се вклопува и Стоилов.