Претоварена станица за комунален отпад веќе подолго време предизвикува негативни влијанија врз животната средина, животот и здравјето на прилепчани, обвинуваат од Левица.
Граѓаните се гневни од ваквиот начин на управување со отпадот и на неговото складирање на само неколку метри од стамбени куќи. Освен тоа, прекршен е и законот кој определува дека ваков вид на времено чување е можно за период пократок од една година.