Романтичното ноќно капење на млад пар во Зимбабве за малку ќе се претвореше во трагедија со тешки последици, кога во водата влезе опасен непоканет гостин. Момчето и девојката беа интимни еден со друг, кога во базенот им влезе млад крокодил.
Влекачот прво се прикраде, за потоа веднаш да се упати во лов кон момчето и девојката. Момчето прво забележа дека животите им се во опасност и без многу двоумење скокна од водата оставајќи ја својата девојка сама да се снаоѓа како знае и умее.
Девојката, откако остана сама, се обиде да дојде до другата страна од базенот и да излезе од водата. Сепак, младиот крокодил ја напада. За среќа таа успеа да го одби неговиот прв напад. Но, тоа уште повеќе го разбесни влекачот кој ѝ се нафрли повторно и уште побесно.
Дојде до кратка борба во која девојката, иако се здоби со повеќе гребаници, успеа да излезе од водата.
Момчето, како што објави „The Sun“ имало 27 години и како што објаснило потоа, избегало од базенот водејќи се од својот инстинкт. Девојката била 22-годишна. Таа, според пишувањата, иако доживеала трауматична ситуација, не пуштила ниту солза.