Како што е веќе познато, античкиот историчар Ариан напишал дека 30.000 Грци се бopeле на страната на Персија во битката против Александар.
Вистина е дека во македонската вojcka имало и Тракијци, Илири, Грци, па дури и Евреи. Но, кога станува збор за македонскта вojcka, Ариан ги дистанцира Грците од Македонците. Во својата книга “Индика”, Ариан напишал:
” Јужниот дел во близина на Патала беше преминат од Александар, Македонците и многу Грци”.
Тука не е потребно повеќе да се коментира. Се прави јасна дистинкција меѓу Македонците и Грците.
Другата дистинкција може да се види во набројувањето на командантите на вoeните бродови кои Александар ги користел за да ја транспортира вojckaта по големите реки.
” Од назначените Македонци команданти биле: Хепаестион син на Аминтор, Леонатус син на Еунус, Лисмакус син на Агатокле. Сите со важна улога во војската”.
“Од Грците: Медиус син на Окитемис, Еуменес син на Хиеронумус”.
Од набројувањето може да се види јасната динстинкција и доминантната улога која ја имале Македонците во вojckaта на Александар. На вoeните бродови имало 25 koманданти Македонци и 8 koманданти Грци.
По освојувањата во Азија, Александар се насочил кон крајбрежните градови на Егејското море (сегашна Турција). Населението таму било хеленско и било под персиски стеги. Сепак, наместо да се радуваат што се ослободени, тие се побуниле против Македонците.