Aрсениј Ангелески од Прилеп е ученик во музичкото училиште “Ордан Михајлоски-Оцка” во класта на професорката Христина Никоска.
Неговиот талент на пијано е одамна познат, а минатата недела младиот прилепски виртуоз на пијано го имаше и својот прв пијано рецитал.
Присутните во фоајето на домот на културата “Марко Цепенков” уживаа во делата на Бах, Лист, Клементи, Рахмањинов и Шостакович, а младиот пијанист уште еднаш ја покажа својата неоспорна талентираност, посветеност и неверојатна музикалност.
УЖИВАЈТЕ: