(Видео) Комедија на доверливиот состанок: Новинар им упадна на министрите за одбрана во ЕУ, а реакцијата на учесниците е урнебесна

Холандски новинар успеа да „провали“ во доверлива видео конференција на министрите за одбрана на ЕУ, откако холандскиот министер за одбрана Анк Бејлфелд случајно објави детали за најавување на видео-конференцијата на Твитер.

Видно изненаден новинарот Даниер Ферлан започна да ги поздравува учесниците, откако сфати дека “упадна” на состанокот.

„Дали знаете дека сте на доверлива конференција“, го праша високиот комесар на ЕУ за надворешна политика и безбедност Хосеп Бореj, пренесува Би-Би-Си на српски јазик.

“Да, да, жал ми е. Јас сум новинар од Холандија. Жал ми е што ја прекинав вашата конференција”, рече Ферлан додека министрите се смееја.

„Одам од тука“, додаде тој брзо.

Борел го праша дали знае дека она што го стори е kaзниво со закон. „Подобро да се најавите пред да пристигне полициjaта“, рече Бореj.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.