Од сега веќе бившите локални власти во Прилеп, фамозното милионско мовче во населбата “Сточен пазар” беше окарактеризирано како историско, со еден куп епитети… но така не мислеа граѓаните, за кои овој проект претставува само многу пари за малку.
Иако требаше да биде еден од ударните проекти за нов мандат на СДСМ во Прилеп, мостот по нивно, или мовчето според мислењето на граѓаните отвори големи сомнежи за злоупотреби кои допрва треба да се разјаснат.
Никој не знае колку точно ги чинеше граѓаните. Се спомнуваа суми од 500 до 750.000 евра.