(Видео) Кога Србин се обидува да зборува англиски: НБА ѕвездата Марјановиќ го насмеа целиот свет со новата реклама

Српскиот кошаркар и неговиот најдобрар пријател се главни ѕвезди во Лос Анџелес.

Веќе е познато дека Бобан Марјановиќ и Тобијас Харис се најдобри другари уште од времето кога заедно играа во Детроит, па затоа не не чуди што се избрани заедно да ја промовираат апликацијата “Bumble”.

Станува збор за социјална мрежа која служи за запознавање на луѓе, дружење и пронаоѓање на партнери, а токму тандемот на Клиперси е одбран да сними реклама.

Меѓутоа, српскиот кошаркар имаше големи проблеми да изговори една реченица на англиски јазик и така настанаа овие комични сцени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.