Прелиминарните студии кои ги спроведоа научниците од Универзитетот во Пекинг покажуваат дека постојат два типа на новиот коронавирус. Првиот вид е поагресивен и тој зафаќа 70% од случаите, додека другиот е помалку агресивен и зафаќа 30%.
Востановено е дека агресивиот тип на вирусот бил доминантен во раната фаза на епидемијата во Вухан, кинескиот град во кој се за прв пат се појави Ковид-19, објави СиЕнЕн.
Кинеските истражувачи тврдат дека резултатите на студијата упатуваат на заклучокот дека развојот на нови варијацииверојатно е предизвика од мутација и природна селекција, како и рекомбинација, пренесува Танјуг.