(ВИДЕО) Кинеска градежна револуција – хотел од 30 ката за само 15 дена

Во контекстот на започнатата америкаско-кинеска трговска војна, кога американската администрација со право стравува од кинеското освојување на глобалниот пазар, во прв ред кинеските апарати за домаќинство и електронски уреди, Кина уште еднаш ја повтори демонстрацијата на новиот правец во градежништвото градејќи го хотелот „Ark Hotel“ со 30 ката за само 15 дена.

Пред една година корисниците на Youtube го гледаа неверoјатното видео во кое кинеските градежници изградија хотел од 15 ката во градот Чангши за помалку од шест дена. Истата градежна компанија „Broad Sustainable Building“ уште во 2012 година ја објавија првата куса снимка на новниот потфат.

Сензационалните кадри и не помалку неверојатното водео за изграбдата на 30-катниот котел за 360 часа, предизвика истовремено многи сомнежи и критики, отколку восхитувања.

Сепак, зградите коишто ги гради BSB и странските градежни експерти ги проценуваат за стабилни, и однатре и днадвор. А притоа компанијата во својата рекламна кампања особено обрнува внимание дека на највискиот степен на сеизмичка издржливост, далу повисок отколку за градежните структури со слични параметри.

Според градежните експерти, во градењето на BSB им солидни иновативни предности. Покрај споменатата сеизмизчка отпорност, тука се вбројуваат и енергетската ефикасности и современиот дизајн, коишто сепак остануваат засенети од „лудата“ брзина на градењето. Така, од моментот на инсталирањето на првата основа плоча на подговеното градилиште до покривањет на последниот кревет во апатрманот на последниот кат од хотелот изминуваат 360 часа, односно 15 дена.

Тоа се случи пред речиси седум години, кога беше користено челично јадро, на кое на веќе подготениот терен и на подвижната конструкццја се монтираа сите други структури, од инфраструктура за вентилација, електрична енергија и комуникации. Покрај тоа, за две седмици не беше создадена само зграда, туку целосен хотел веднаш подготвен да ги прими гостите, со функционални комуникации, па дури и со мебел во сите апартмани.

Благодарение на користењето на најсовремените технологии за заштеда на енергија, оваа зграда троши пет пати помалку ресурси од сличните објекти во светот. Покрај тоа, во овој хотел и воздухот ќе биде за 20 отсто почист отколку во другите облакодери. За овој показател се кориси високотехнолошки систем за прочистување на воздухот, контролиран од компјутер.

Од BSB, сепка, објавија дека целиот период од првичните работи односно од појавата на првиот булдожер на градиилиштето до сечењето на „црвената пантлика“ или пуштањето во работа на хотелот изнесувало 48 дена. Но и тоа воопшто не е за занемарување, доколку се има предвид дека станува збор за хотел од високо ниво – со класификација од „пет ѕвездички“

Веќе во пролетаа 2015 година „Broad Sustainable Buildings“ се потврди како најбрзиот градител на светот кога Хунан во центарлна Кина го изгради хотелот „Мini Sky City“ од 57 ката за 19 работни денови, користејќи го ткн модуларен модел целосно комплетирајќи по три ката дневно.

Компанијата сега има амбиции да го изгради највисокиот облакодер на светот од 220 ката, за само три месеца.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.