Кинеската вселенска капсула се врати на Земјата со првите свежи примероци на камења и други материјали од Месечината, а поминаа над 40 години од последната ваква мисија.
Капсулата “Чанг’e 5” слета околу 2 часот наутро во четвртокот, во областа Сизиванг, Монголија, пренесуваат кинеските медиуми.
Таа претходно се одделила од остатокот на вселенското летало и се спуштила со помош на падобран.