За десетина дена втората болница за заболени од коронавирус е изградена во градот Вухан. Кинеските медиуми пишуваат дека болницата веќе работи.
„Болницата Лејшеншан, уште еден новоизграден објект специјално дизајниран за лекување на пациенти заразени од коронавирус, официјално е отворена денеска. Има 1.600 кревети и вработува околу 2.000 медицински персонал“, објави кинескиот државен весник Глобал Медиа на Твитер.
Неодамна првата кинеска болница за пациенти инфицирани од коронавирус се отвори во близина на Вухан. За два дена, работниците и волонтерите работеа на реновирање на испразнетата зграда во здравствена установа во која има 1.000 кревети.