Работник во “Старбакс” во Сан Диего, кој одбил да послужи жена, бидејќи не носела заштитна маска, доби речиси 100.000 долари дониран бакшиш.
Ленин Гутјереш (24) ја одработувал својата смена кога во локалот влегла жена без маска, пренесува ЕнБиСи. Гутјереш ја прашал дали има маска за лице, но пред да стигне да и ги покаже правилата на неговата компанија, според кои од купувачите се бара да носат маски, жената го нападнала, а потоа и снимала.