Канадска компанија која произведува вoeни униформи создала материјал кој може да ги направи луѓето и предметите невидливи, а се предвидува дека материјалот би можел да има практична примена за една година.
Материјалот Quantum Stealth, кој го произведе компанијата “HyperStealth Biotechnology”, со седиште во Британска Колумбија во Канада, може да ја одбива светлината.
Прототипот е тестиран така што може да ги сокрива предметите од различни димензии и бои. Материјалот функционира и дење и ноќе, а може да се користи и за прикривање на вoeни средства и бродови.