Во моментите кога отчукуваат последните часови од 2023 година, убаво е да се потсетиме низ што сме поминале во изминатите години, да споделиме убави сеќавања, но и желби за уште поубава и поуспешна 2024 година.
Прилеп како град во последните 20-тина години имаше свои подеми и падови, имаше моменти кога градот се развиваше, но и моменти на апатија, пред се предизвикана од политичките случувања, но и пандемијата со корона вирусот која најтешко го погоди нашиот град.
Во моментите кога сите сакаме да заборавиме на се’ што лошо поминало и се надеваме дека Новата 2024 година ќе донесе радост, среќа и просперитет, како за нашиот град, така и за секое семејство, да се потсетиме како се славаше Нова година на плоштадот “Методија Андонов-Ченто” пред една декада.
Пред преполниот плоштад тогаш настапија “Супер Хикс”, па погледнете дел од новогодишната еуфорија тогаш во продолжение:
Оваа година прославата на плоштадот ќе изостане, а од општината информираа дека парите кои беа предвидени за прослава и изведувачи, ќе се дадат во хуманитарни цели.