(Видео) Како се реконструираше симболот на градот, препознатлив во цела Македонија

Интересно видео на кое е прикажано целосното возобновување и градба на Паркот на револуцијата или Могилата на непобедените во Прилеп.

Проектот кој го спроведе минатата локална власт на чело со тогашниот градоначалник Марјан Ристески, се спроведе во 2008 година, а од тогаш во годините кои следуваа прерасна во вистински репрезентативен бренд на Прилеп.

Погледнете и потсетете се на што наликуваше паркот во минатото:

Могилата денеска има мини зоолошка градина со пони коњчиња и украсни птици, фонтани, пешачки патеки и игралишта.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.