(Видео) Како се губат избори со една изјава! Бајден: “Црните гласачи кои размислуваат да гласаат за Tpaмп не се црни”

Американскиот демократски кандидат во трката за Белата куќа Џо Бајден се обидува да ја поправи штетата што ја предизвика со изјавата дека Афроамериканците „не се црни” ако размислуваат за можноста да гласаат за претседателот Доналд Tpaмп наместо за него.

Бајден ова го изјави за време на интервјуто во петокот со истакнатиот црн радио водител Чарламејн Та Год, во неговиот обид да допре до црните гласачи.

Бајден подоцна изрази жалење поради „незгодниот“ коментар, пренесува Би-би-си.

Црните гласачи се клучни за поддршката на кандидатурата на Бајден.

„Го освоив секој поединечен округ. Освоив поголем удел на црните гласови од кој било друг, вклучувајќи го и Барак“, рече Бајден, осврнувајќи се на првиот Афроамериканец на местото американски претседател Барак Обама, кој заедно со Бајден како потпретседател тогаш ја освоија Белата куќа.

Бајден исто така рече дека „гарантира“ дека за функцијата негов потпретседател разгледува повеќе црни кандидатки.

На самиот крај на интервјуто, Бајденовиот помошник во кампањата го прекинува разговорот, изјавувајќи дека на поранешниот американски потпретседател и демократски кандидат му истекло времето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.