(Видео) Каевски чудо од дете милионер во СДСМ? Вие скенирајте фискални!

Дарко Каевски, најмладиот милионер во СДСМ, неколку дена молчи и не одговара на прашањата, како на 30 години и со административна плата за неполни 3 години директорување успева во иста година да се стекне со нов стан и да изгради луксузна куќа во Волково, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Но, уште поинтересно е што Дарко Каевски, во стилот на неговите сопартијци, не одговори ниту дали има документи за градба на луксузна вила, хациенда со базени во Волково. Интернет алатката Гугл мапс покажува многу повеќе од тоа што Каевски сака да го сокрие од очите на јавноста. Ова почитувани е парцелата во Волково, имот на семејството Каевски до септември 2020 година кога Дарко Каевски од директор на Агенција за млади и спорт, преминува во пратеник на СДСМ. Ова е објект којшто е легализиран, се работи за скромна куќа од неполни 40 квадрати како и гаража. И тоа било легализирано во 2014 година. И така е се до септември 2020, кога сателит ја има снимено токму оваа состојба. Ова е политувани тоа што го покажува алатката односно дека настанува промена во октомври 2020 година кога се претходно исчезнува а цела парцела станува градежна зона со машини, а легалните објекти ги нема. За да ги нема, мора да има одобрение од општина за рушење, а тоа одобрение е дел од одобрение за градење. За одобрение за градење, неколку пати директно го прашавме Каевски, но тој не одговори. И, одиме на следната сцена снимена од сателит. Ова почитувани е истата парцела, во 2021 година. На местото на скромно легализираното куќиче никнува луксузна хациенда, никнува уште еден објект на местото на гаража, ископан е базен во должина на новоизградената куќа, за што повторно е потребно одобрение од општина. А такво одобрение нема! Уште поинтересно е што во својот анкетен лист до ДКСК, јавен документ, Дарко Каевски, сега пратеник а порано директор, најмладиот милионер и портпарол на СДСМ, не навел куќа, туку, празен плац, градежно неизградено земјиште во Волково!? Почитувани, дали причината за тоа што не е наведена куќа е тоа што во истата година кога е изградена луксузната хациенда на крајот на 2020-та година, Дарко Каевски во својот анкетен лист има наведено дека купил стан од околу 65 метри квадратни во Скопје? Залудно Каевски, како и сите голтари, а сега милионери се обидуваат да ги сокријат имотите со високи огради, кога со години постојат алатки како Гугл мапс кои што ги следат сите промени на теренот! Истата парцела, добиена како наследство во октомври станува градежен плац за потоа да никне како луксузна, одморалиште, базен во медитерански стил. СДСМ 5 години се на власт, 5 години исполнети со кризи заради негрижа на власта, народот во тие 5 години е се посиромашен, државата е во долгови, ама затоа функционери од СДСМ градат хациенди со базени за уживање и прашање е дали за тоа имаат документи! Истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Секој еден ден минат со СДСМ на власт чини поскапо од предвремени парламентарни избори! Додаде Стоилковски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.