(Видео) Интервју на Трамп пред да се предаде во затвор: Одговори и на прашањето дали ќе има граѓанска вojна во Америка

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп разговараше со Такер Карлсон, поранешен водител на Фокс њуз, во пресрет на неговото предавање на властите во затворот во округот Фултон во Џорџија. Во интервјуто зборуваше за можноста за политичко насилство во САД.

Угледната веб-страница „Хил“ објави дека Трамп, на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер), рекол дека страста и омразата во Америка достигнале невидени размери.

Трамп реши да ја прескокне дебатата на кандидатите за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во 2024 година, која штотуку ја организираше Fox News, а неговото интервју со Карлсон се емитуваше само неколку минути пред да започне дебатата.

– Никогаш не сум видел толкав дух и толку страст, а исто така никогаш не сум видел, во исто време, во истите луѓе, толкава омраза за она што и е направено на нашата земја – рече Трамп.

Кога Карлсон потоа го праша дали мисли дека САД се упатени кон „граѓанска војна“, Трамп се осврна на насилството што избувна на 6 јануари 2021 година на Капитол Хил кога неговите приврзаници маршираа кон зградата на Капитол за да извршат притисок врз тогашниот потпретседател Мајк Пенс.

– Има голема страст и голема љубов. Знаете, 6 јануари беше многу интересен ден бидејќи тие (медиумите) не известуваат соодветно за тоа. Верувам дека тоа беше најголемата маса луѓе на кои некогаш сум им се обратил – рече Трамп, додавајќи дека „многу мала група“ од нив го нападнала Конгресот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.