50-годишниот Роберто Карлос Фернандез, одел со својата ќерка по улица, кога одненадеж, од зад грб му долетала автомобилска гума и силно го погодила директно во глава.
Човекот паднал како покосен, а неговата ќерка Каролина останала во шок без да знае што се случило.
Минувачите притрчале во помош, а десет минути не можеле да го освестат.
– Одевме дома кога слушнав автомобилска сирена и погледнав, но не видов ништо. Одненадеж сирената стана погласна, а кога сфатив што се случува, тркалото го погоди мојот татко во глава – рекла Каролина
Амбулантно возило веднаш пристигнало и на Фернандез му била укажана медицинска помош.
За среќа, минал само со полесни повреди.