ВИДЕО – ИЛИЈА НЕСТОРОСКИ ГО ЖИВЕЕ СВОЈОТ СОН

Ilija-Nestorovski-potpisuva-615x400

Илија Нестороски, прилепчанец, гордост на градот. Пред два дена на задоволство на целиот македонски фудбалски аудиториум, нашиот Иле потпиша за италијанскиот Палермо и од Интер Запрешич се сели на Сицилија, каде ќе го придружува Александар Трајковски, кој веќе игра во почетната постава за Палермо.

Многу клубови беа заинтересирани за неговите услуги, имаше интерес од Белгија, Холандија, дури медиумите го поврзуваа неговото име со преселба во Видеотон во Унгарија. Но Нестороски го одбра Палермо, и како што вели со тоа се исполнил неговиот сон да настапува во италијанската Сериа А.

Сицилијанскиот клуб ќе плати 600 илјади евра за трансферот на Нестороски, а до крајот на сезоната Илија сеуште ќе ги носи боите на хрватскиот Интер.

Иле го оствари својот сон, неговиот талент иако порано не беше забележан од селекторите на Македонската фудбалска репрезентација, тој нижеше голови и беше страв и трепет за противничките голмани во Хрватска.

Гордоста на прилепска Победа, продолжува понатаму. Му посакуваме уште поголем напредок во екипата на Палермо, и се надеваме дека ќе им пркоси на познатите Калчо голмани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.