Во рамки на манифестацијата “Илинденски денови” која од вчера започна во Битола, синоќа на плоштадот “Магнолија” свој настап имаше и “Октетот Прилеп”, кои се претставија со дел од својот богат репертоар.
Заедно со Октетот настапи и младата вокалистка Викторија Стојческа, дипломиран соло пејач на Музичката академија во Скопје.
Октетот Прилеп 24 години ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали. Тие се едни од најголемите амбасадори на Прилеп. Досега имаат издадено неколку албуми.
Во продолжение уживајте во нивниот настап: