Иван Сукхов е роден во мало гратче од Русија, каде животот го започнал со својата законска сопруга Наталија. Меѓутоа, останатите две жени исто така ги смета за сопруги, а сите три се согласиле да бидат во ваква врска.
Со својата прва законска сопруга бил во брак 11 години кога одлучил животот да го продолжи во полигамиска врска.
Наталија на почетокот не се согласувала со тоа, но подоцна Иван ја убедил дека сака да има големо семејство. Тие живеат во стан со 3 спални соби и Иван секоја ноќ ја поминува со друга жена, а ако некоја го налути, не доаѓа во нејзината соба цел месец.
Неговата цел е да има 50 деца со што повеќе жени, а единствен услов за новата сопруга му е да биде висока и слаба.