(Видео) И на теренот и надвор од него: Шоу-комедија на Србинот на прес-конференција

Никола Јокиќ беше одлично расположен по големиот триумф на неговиот тим во Лос Анџелес.

Денвер ги совлада Лејкерси на гости и со тоа поведе со 3:0 во финалната серија на Западот. Тимот од Колорадо сега е на само една победа до пласман во историското финале на НБА.

По натпреварот, тренерот Мелоун на конференцијата откри дека Јокиќ ја презел неговата улога за време на еден тајмаут. Српскиот ас предложи што да се игра, Мелоун прифати и се покажа дека не погрешил, па на прес-конференцијата го повика Србинот – тренерот Јокиќ.

“Не знам. Не сакам да бидам тренер. Тоа е најлошата работа на планетата, сигурно”, рече Јокиќ предизвикувајќи громогласна смеа во салата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.