На македонската јавност веќе повеќе од јасно и е дека преговорите за влез во Европската унија не само што нема да започнат, туку и дека оваа власт предводена од Зоран Заев ќе распродаде и се што е малку останато поврзано со нашата историја и јазикот, пишува Курир.
Како и секоја година така и по блокадата на Бугарија пред неколку дена целата власт изјавува дека се оптимисти дека во иднина ќе ги започнеме преговорите со Европската унија, но за ова оптимистички Заев зборуваше и во јуни минатата година.
-Дека октомври ќе биде октомври и таму стои не подоцна од октомври, ја добивме писмената правно формална гаранција, велеше Заев за добивањето на датумот во јуни 2019 година.
Додека пак на новинарско прашање и потсетување на Заев тоа што го говорел во месец јуни, тој во октомври откако не доби Македонија датум за преговори реторичко само праша „Јас сум изјавил такво нешто?“