(Видео) Зелени океани и ново “ледено доба”: Стpaшна стратегија на Британците за спасување на планетата

Тим на научници на Универзитетот Кембриџ разгледуваат методи за поништување на штетните последици од климатските промени, вклучувајќи и повторно замрзнување на Арктикот, собирање на вишокот јаглерод диоксид од атмосферата и “озеленување” на океаните.

Центарот за обнова на климата е дел од Иницијативата за иднина без емисија на штетни гасови, а го води Др. Емили Шакберг. Координаторот на проектот, професорот Дејвид Кинг, поранешен научен советник и специјален претставник за климатски промени во британската влада, изјави дека климата повеќе “не е на наша страна”.

“Она што упорно го работиме, новитетите кои ги воведуваме и она што имаме намера да го направиме во наредните 10 до 12 години, ќе ја одреди иднината на човештвото во наредните 10.000 години”, вели тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.