Едно просто пратеничко прашање го извади од такт премиерот Зоран Заев.
Прашањето што го измести од баланс премиерот го постави пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ – го повика да не се плаши и да излезе на ТВ дуел со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.
А тогаш Заев кажа и што требаше, и што не смееше, но моравме да го чуеме, зашто и онака никој не поверува дека е поинаку, пишува Република.
-Со лидерот ваш кога ќе сум излезел на дуел?! Кога ќе заземе став. Нека заземе став, викаше од говорницата Зоран Заев.
-И кога ќе дадам предлог на опозицијата, како што е во програмата, по две години за јавен обвинител, да, ќе ѝ дадам на Бети Канчевска, ќе им дадам на оние што имаат одлуки да носат овде и презедоа одговорност, рече Заев, несвесно откривајќи дека најверојатно во преговорите кои се одвиваа тој понудил и високи државни функции.