Врие атмосферата во Америка, а претседателската кампања започна да го добива вистинското темпо. На последната дебата на демократите осрганизирана од СиЕнЕн се појави и милијардерот Том Стејер.
Освен што не е јасна неговата одлука да се кандидира за иден претседател на Америка, сега уште еден детал им остави впечаток на сите Американци.
На неговата лева рака можеше да се забележи чуден симбол. Тоа беше крст нацртан со пенкало. Во секој квадрат се наоѓаше уште по еден мал крст кој потсетува на ерусалимскиот крст од 13 век.
Why is Steyer playing tic tac toe with himself on his hand pic.twitter.com/wpwOlxwr79
— Eli Valley (@elivalley) January 15, 2020
Не е прв пат сопственикот на инвестициски фонд да биде виден во јавност со ваков симбол. Го црташе и за време на изминатите две години, но сега за прв пат за тоа зборува цела држава.
okay that symbol tom steyer draws on his hand looks like a badly-drawn georgian flag at best and a badly-drawn iron guard cross at worst. pic.twitter.com/FRaCWk79ri
— cruel angel’s antithesis (@MissPavIichenko) January 15, 2020
“Крстот ја симболизира вистината која мораме да ја кажеме по секоја цена. Го цртам веќе некое време за да ме потсетува на вистината. Покасно открив дека станува збор за ерусалимскиот крст”, изјавил тој.