Езеро кое се створило после epyпција на вуклан пред 2000 години, Машу или Машу- ко, се смета за најчисто на светот.
Зависно од денови, но видливоста достига и до 20, 30 метри, а се наоѓа на островот Хокаиду, на северот на Јапонија.
Јапонците веруваат дека предците на Аинуи го сметале за свет. Оваа енигматична нација била изолирана географски, јазично, но и расно – тие имале скоро европски карактеристики.
Светото езеро е опкружено со густа магла и 200 метри кратер кој стрмно се влева во водата. Посетата на езерото беше строго забранета од јапонското Министерство за животна средина од безбедносни причини, како за непристапноста на теренот, така и за зачувување на чистотата на водата.
Во превод името на езерото значи „езеро на боговите“ а мештаните веруваат ека на дното живее дух на жена.
Локалните жители веруваат деа ако некој има било каков проблем треба да помине во близина на езерото и тоа ќе му помогне да најде инспирација за решавање на проблемот.
Според легендата, секој што ќе си го види одразот во езерото, што е тешко поради маглата и сланата, ќе го следи несреќа.
Со длабочина од 22 метри, е едно од најдлабоките во Јапонија, а останало недопрено бидејќи нема ни притоки ни извори туку само стои во место и привлекува туристи со својата убавина.