Рони и Дони Галјон се најстарите сијамски близнаци на светот. Родени се во 1951 година, а докторите предвидувале дека нема да преживеат повеќе од 24 часа.
Поврзани се кај стомакот и веќе 65 години ги поминале гледаќи се во лице, без ни една минута приватност.
Живеат во Охајо, а секој ден му е исполнет со компромиси и заедничко функционирање “Тие се едно тело, но две многу различни личности”, така ги опиша нивниот постар брат Џим.
Спијат во посебно дизајнирани кревети кои им овозможуваат удобен сон, а меѓусебно си помагаат во извршувањето на секојдневната рутина, како бричење, облекување и слично.