Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск е познат по својата егоцентричност и смели тврдења посебно кога станува збор за неговите електрични возила.
Неговото последно тврдење за новиот „Кибертрак“ предизвика огромно внимание ја пошироката јавност, а предизвикот веднаш беше прифатен.
Имено, додека го најавуваше најновиот производ на Тесла, Маск на неколку пати правеше споредби со камионетот Ф-150 од производителот Форд, велејќи дека неговиот „Кибертрак“ би го победил својот ривал во тешка борба.
Натпреварот кој повеќе е за физиката на триење отколку во силата на моторот погледнете го во продолжение.
Cybertruck pulls F-150 uphill pic.twitter.com/OfaqUkrDI3
— Elon Musk (@elonmusk) November 24, 2019