(ВИДЕО) Еди Рама гаѓан со патика на прес: Демонстранти го гаѓале Еди Рама со патика додека даваше изјава

(Видео)ЕДИ РАМА ГАЃАН СО ПАТИКА НА ПРЕС: Демонстранти го гаѓаа Еди Рама со патика додека даваше изјава за порведените полицајци

Албанскиот премиер Еди рама денес ги посетил полицајците кои биле повредени во судирите со демонстрантите пред парламентот, до кои дошло поради одлуката на албанската влада да ја урне зградата во која живеат поради изградба на нов пат.

По излегувањето од болницата, Рама дал изјава, а притоа се случил уште еден инцидент, кога еден од демонстрантите го гаѓал премиерот со чевел.

Насобраните демонстранти се обиделе да го нападнат премиерот, а еден од нив го гаѓал Рама со чевел. Телохранителот реагирал на време и спречил удар на премиерот.

Напаѓачот набрзо бил фатен и одведен во полиција, пренесуваат албанските медиуми.

Албанскиот премиер изјавил денес дека нема да се толерира насилство кон полицијата во име на нелeгитимност.

-Ги повикувам луѓето кои имаат документ за имотна сопственост и оние кои поседуваат само објекти изградени без никаква дозвола, да се дистанцираат од професионалните окупатори и професоиналците за слепа политика на клевети и немири, пренела АТА.

-Земете го тоа што Законот ви го предвидува и напуштете ја улицата, порачал Рама.

Во судирот на полицајците и неколку стотини учесници на протестите поради одлуката на албанската влада да ги урне зградите во кои живеат поради изградба на нов пат, повредени биле 12 полицајци и три демонстранти, соопштила полицијата.

До судирите дошло кога демонстрантите се обиделе да влезат во парламентот.

Полицијата соопштила дека 11 учесници во демонстрациите биле задржани во притвор на испитување, но дека се трага по уште едно лице за да се идентификуваат оние “кои вршеле насилство над полицијата и ги повикале другите учесници на демонстрациите на насилни акти”, пренесува “AP”.

Претходно “Albanian Daily News” објавил дека заменик директорот на полицијата во Тирана, Димитрач Зиу, е еден од повредените во текот на протестите на жителите во подрачјето Астир, кои се противат на проширувањето на патниот проект “Голем прстен”, барајќи целосна компензација за рушење на куќите.

Албанскиот сајт навел дека демонстрантите при протестите фрлале петарди и солзавец во текот на судирите со полицијата.

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.