Јорданскиот крал Абдулах II допатувал во средата во мароканската престолнина Рабат, меѓутоа само што влезе во автомобилот на мароканскиот крал Мухамед VI се случи инцидент.
Непознат човек се обиде да се приближи до автомобилот, но со неверојатна реакција на луѓето кои го обезбедуваат кралот беше запрен.
На човекот му беше затворен патот и беше соборен на земја. За сега не е откриено која му била намерата, односно објавена е само информацијата дека е уапсен.
Ф.Г.